По допинг скандалот со руската лизгачка Камила Валиева, кој сѐ уште нема разврска, во Утринска на Телма разговаравме со Зоран Ханџиски, член на здравствената комисија за анти допинг при Агенција за млади и спорт . Тој предупредува дека Македонија мора во најкус рок да формира Агенција за анти допинг, во спротивно, во сите спортски категории може да биде ислкучена од меѓународните натреварувања.
Ханџиски, зборуваше и за ризиците од допингот по здравјето на спортистите, но и за санкциите со кои ќе се соочат ако бидат тестирани позитивно.