Вести Македонија

Загадувачите неказнети, инспекторите недостапни, а системот не функционира – забележуваат екологистите

Загадени реки, депонии среде шума, затруени почви. Но, само со опомена или симболична казна поминува дури и оној најтежок еколошки криминал.

Загадувачите неказнети, делата се повторуваат, а системот не функционира.

Ова се главни заклучоци на екологистите кои со години алармираат. Тие сега здружени и во Граѓански инспекциски совет се обидуваат да поттикнат измени во Законот за инспекциски надзор на животната средина.

„Најчесто, сите овие пријави кои доаѓаат од страна на инспекциските служби завршуваат со минорни парични казни, односно со опомени така што немаме некоја конкретна кривична постапка којашто завршува во корист на животната средина. Досегашната пракса укажува на заштита на крупниот капитал од страна на судовите и сметаме дека во иднина треба значителен напредок во оваа сфера на пример преку едукација на судиите и јавните обвинители. Меѓутоа можеби може и да се формираат специјални одделенија во рамки на основните судови кои што ќе се занимаваат со еколошкиот криминал“, смета Кирил Ристовски од „Флорозон“ – Центар за еколошка демократија.

Активистите и здруженијата подготвиле повеќе од дваесет амандмани, а едни од главните забелешки се околу работата на инспекторите.

Сметаат дека тие треба да бидат најдостапни надвор од вообичаеното работно време затоа што тогаш се случуваат најголемите еколошки катастрофи.

Да им се обезбеди опрема за на терен, а не општините да бараат оправдувања во тоа дека немале со што да нотираат загадување или еколошка катастрофа.

„Да се знае кој инспектор кога е дежурен за да можат граѓаните да пријават во секое време затоа што еколошките инциденти најчесто се случуваат на празници, за време на викенди. Тоа е едниот дел кој се вметнува во предлозите, а друг дел е делот за опрема којашто ќе треба да се набави за да можат инспекторите да вршат индикативни мерења, а не референтни мерења. Врз база на тие индикативни мерења, ако се покажат одредени неправилности ќе може да се повика акредитирана лабораторија и да се извршат референтни мерења“ вели  Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

Важна е и соработката помеѓу локалните и државните инспектори, забележуваат екологистите.

Онаму каде што има дефицит, може да се испрати инспектор од регионот и сето тоа да го координира Државниот инспекторат за животна средина.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе