Вести Македонија

Татко и ќерка од Косово бесправно граделе осум бунгалови во Маврово, поднесени кривични пријави

Татко и ќерка од Косово во текот на минатото лето од 10-ти јули до 20-ти септември без одобрение за градба започнале да градат бунгалови во село Леуново, во Маврово. Фирмата каде управител била ќерката почнала да ги гради осум бунгалови на од цврста градба на 200 до 300 метри од езерото. Бунгаловите биле евидентирани при извршена контрола од градежен инспектор, при што инвеститорите добиле наредба да запрат со градежните активности. И покрај ова, тие продолжиле да ги градат објектите спротивно на закон.​ ОЈО Гостивар поднесе кривична пријава против таткото и ќерката и нивната фирма.

Ова не е првпат, државјани на Косово да градат бесправно на мавровска локација. И претходно беа поднесувани кривични пријави против фирми и држвјани на Косово кои за време на летниот период продолжуваат со градежни активности и иако добиваат опомени од инспекторите.

Жителите на Леуново, Никифорово, Врбен, Маврови Анови, Маврово и сопствениците на викендици околу Мавровското Езеро постојано апелираат за негрижата на Општина Маврово и Ростуше и Националниот парк. Бараат да се решат  бројните проблеми со кои населението од овој регион се соочува.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе