Вести Македонија Топ тема

Ѓеоргиевски од агро комората за Топ Тема: Не можете само да ги замрзнете цените на производите, при драстично зголемени трошоци на производството

Не можете излезната цена на производите да ја замрзнете а при тоа влезовите како што се цените на суровините, работната рака и енергенсите кои учествуваат во создавањето на цената на финалниот производ да ја оставите иста. Ќе го донесете бизнисот во реална тешка состојба, каде може многу фирми и да банкротираат, изјави во вечерашната Топ Тема со Наташа Стојановска,  Претседателот на агро бизнис гранката при сојуз на стопанските комори, Горан Ѓеоргиевски, во однос на замрзнувањето на цените на прехранбените производи.

Тој апелираше на државна помош со која би се намалиле влезните трошоци на производителите.

Многу поквалитетна мерка е замрзнувањето на маржата на компаниите кои ги произведуваат основните продукти, отколку да разговараме за замрзнување на цени, оцени Ѓеоргиевски.

Не можете да го терате бизнисот да има замрзнати цени на излезот од производствениот процес а при тоа да има високи, незамрзнати цени на суровините, на енергијата и на работната рака, оцени Ѓеоргиевски.

Според него добро е да се субвенционира цената на енергенсите кои што учествуваат во производниот процес, добро е да се активираат стоковите резерви, кои што се чуваат за вакви намени, кои што би се дале по соодветна ниска цена која ќе овозможи замрзнатата цена на излезот, на готовите производи да функционира.

Тој оцени дека цената на гасот е 7 пати поголема во однос на периодот пред енергетската криза, цената на електричната енергија е 4 пати поголема во однос на периодот пред кризата, додека цената на суровините е 50, 60, 70 отсто поголема од периодот пред пандемијата.

Според претседателот на агро бизнис комората инфлацијата ќе продолжи во текот на годината а стабилизација на цената на енергенсите може да се очекува на почетокот од третиот квартал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе