Вести Македонија Топ вести

Генчовска: Бугарија бара целосна примена на Договорот за добрососедство и почитување на правата на Бугарите

Бугарската страна се држи до целосна примена на Договорот за добрососедство и соработка од 2017 година, како и почитувањето на правата на Бугарите во Македонија.

Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска за БНР, во пресрет на редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, што ќе се одржи денеска во Софија, согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања.

Според Генчовска, Бугарија ќе продолжи да го поддржува, како што тврди, „легитимното барање Бугарите во Северна Македонија да бидат вклучени еднакво со сите останати народи, во нејзиниот Устав“.

Еден од главните приоритети, вели таа, е да биде постигнат напредок во работата на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, за изготвување календар за заедничко чествување на личностите од, како што тврди, „заедничката историја, за кои веќе е постигната согласност“.

Ќе бараме и да започне процес за осовременување на наставните програми во Република Северна Македонија, рече шефицата на бугарската дипломатија за бугарското радио БНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Заседава ЕП на дневен ред неделава и извештајот на Вајц за земјава

Дејан Дејан

Родителите на починатите деца од пожарот во „Пулс“ чекаат одговор на барањата

Дејан Дејан

Трамп испраќа писма со нови царини до трговските партнери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе