Македонија Топ вести

Во Бугарија разговори на експертско ниво за политичкиот пакет прашањa

Во Скопје и во Софија денеска продолжува обновениот македонско-бугарски дијалог за надминување на отворените политички прашања. Во Софија се одржа редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи за т.н. пакет на политички прашања.

Премиерот Ковачевски ветува дека кога комисиите ќе имаат нешто конкретно јавноста ќе биде информирана. Тој не сакаше ништо да открие за денешната средба во Софија меѓу членовите на рабната група за надворешни работи, но во однос на последните изјави кои пристигнаа од Мешовитата комисија за историски прашања и образование порача историчарите да зборуваат за историските прашања, а политичарите за политичките.

Историчарите работат според методологија, претседаваат двајца претседатели. Политичките прашања се предмет на разговорот помеѓу министерствата за надворешни работи. Тие денеска имаат состанок во Софија и кога комисиите ќе имаат што да изјават тогаш тоа останува на нив заеднички да го направат. Во однос на Историската комисија треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања, рече Ковачевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе