Вести Македонија Најважни

Приватното здравство преку Комора ќе си ги штити бизнис интересите – им пречи повисоката минимална плата

Редици пред аптеките како никогаш досега донесе Ковид-пандемијата уште од самиот почеток. Секој со своите потреби и различен список за купување, но сите со по неколку илјади денари помалку во џебот по излегување од аптека.

Се купуваат витамини, лекови, маски, дезинфекции. Тоа ја искачи фармацијата како една од гранките со убедливо најголем профит среде пандемија додека други бизниси пропаѓаа.

Покрај аптеките, во овој Ковид-период „рацете ги тријат“ и лабораториите за Ковид-тестирања.

Сега овие гранки заедно со други ПЗУ-а како ординации и веледрогерии се здружија во Комора за приватно здравство. Истата е новоформирана, но претставниците веќе започнаа да испорачуваат барања.

На дел од приватните здравствени установи им пречи решението за повисока минимална плата. Велат дека тоа ќе уништи многу ПЗУ-а. Од државата бараат вложувања во приватното здравство исто како што тоа се прави и во јавното здравство.

„Алармираа сите колеги – од Лозово, од Свети Николе, од Виница, оние коишто имаат мала капитација дека сестрите побарале повисока плата, значи барааат да имаат минималец коешто веќе предизвикува лош домино ефект врз целиот бизнис. Веќе во најава е и затворање на амбуланти заради енормните цени коишто ги добија колегите концесионери, со енормните сметки за струја“ смета  Лилија Чолакова – Дервишова, потпретседател на Комората на приватно здравство при ССК.

На новинарско прашање – како аптеките се погодени од пандемијата кога нивните профити се бројат во милиони, претставниците во Комората велат дека нивниот проблем е со снабдување, а не со профитите.

За високите цени, од гранката велат дека за тоа се прашува производителот.

„Автоматски ние добиваме фактура со покачена цена. Нас никој не не прашува дали таа цена ни одговара или не. Тоа што е неопходно потребно за да се спречи пандемијата ние треба да го имаме на лагер. Која е цената и каква е цената диктира пазарот, ние не ги формираме цените“ изјави Марија Фидановска, потпретседател на Комората на приватно здравство при ССК

Од Комората  најавија дека еден од следните чекори ќе им биде дигитализација на системот што подразбира и електронско издавање упати.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе