Вести Македонија

Нема да се купуваат нови еколошки автобуси, но старите репарирани повторно се во сообраќај

Наместо нови 250 еколошки автобуси  низ скопските улици вратени 25 автобуси стари половина век, реагира дел од јавноста.

Пред околу три месеци  за време на изборната кампања градоначалничката на Скопје Данела  Арсовска возејќи се со градски автобус рече дека возењето е непријатно и најави набавка на 250 нови еколошки автобуси, наместо БРТ превоз којшто го презентираше тогашниот градоначалник, Петре Шилегов.

 “Неопходно е Скопје да добие бесплатен јавен превоз и нови еко автобуси. Тоа е најбрзото и најсигурно решение за јавниот превоз во Скопје за разлика од БРТ проектот кој што ќе значи дополнителни инфраструктурни проекти, а со тоа реализацијата ќе трае со години. Не ни треба решение само за дел од Скопје бидејќи решенијата треба да се однесуваат за сите населени места односно за целиот град” – изјави на 21-ви октомври минатата година, Данела Арсовска.

Но овие ветувања според дел од јавноста се уште не се исполнети. Град Скопје пак негира дека се вратени стари автобуси, станува збор за возила кои се од понова флота, но не биле во функција бидејќи не биле одржувани.

Во 2021 година користени се во јавниот превоз 140 -180 автобуси за потребите на ЈСП. Во моментов поради зголемување на обемот на линиите и почести интервали на автобусите е зголемена динамиката на јавниот превоз каде се вклучени 270 возила кои се од понова флота но не биле во функција бидејќи не биле одржувани изминатата година. ЈСП сега превозот го врши со постојана проверка на возниот парк нешто што порано не било пракса.  Воведени се нови стандарди во работата на ЈСП со што се обезбедува поголема ефикасност на претпријатието и подобар јавен сервис на граѓаните, тврдат од град скопје

Воведувањето на бесплатен јавен превоз и набавката на 250 еколошки автобуси ќе се одвиваат паралелно и етапно според најавеното велат од Град Скопје.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе