Декларацијата за Гоце Делчев не влезе во дневниот ред на собраниската седница, но прашањата поврзани со националниот идентитет се отворија при изборот на замениците министри. Премиерот Димитар Ковачевски рече дека оваа Влада ќе `и ги остави историските прашања на стручната фела и нема да отстапи од позициите за македонската посебност. Опозицијата смета дека владата води ненационална политика и дозволува „дуизација“.
Алијанса за албанците ги смета предложените заменици од Алтернатива за нелегитимни.
Пратениците треба да изберат заменици во 16 министерства по речиси еден месец од изборот на министрите. Мнозинството предводено од СДСМ и ДУИ се зајакна со Алтернатива, а БЕСА замина во опозиција.
Соња Николовска