Вести Македонија

Мицкоски уште чека покана од Ковачевски за лидерска средба, како „кукавички“ го оцени неукинувањето на Пржинската Влада

Ковачевски вети а Мицкоски се уште ја чека поканата за лидерска средба. Иако помина речиси еден месец од изборот на новата Влада , двајцата лидери на најголемите политички партии се уште не седнале на заедничка маса да разговараат за сите отворени прашања. Опозициската партија не отстапува од предвремени парламентарни избори а бараат и дијалог за економската криза и Ковид пандемијата.

Од СДСМ велат дека лидерска средба ќе има во оној момент кога Ковачевски ќе процени дека има потреба од разговор за одредени теми. За предврмени избори нема зошто да се разговара зошто оваа Влада ќе го истера мандатот до 2024 година. Но иако на последната лидерска средба на која присуствуваа Заев и Мицкоски беше договорено да се укине Пржинската Влада поради нејзината нефункционалност, владејачкото мнозинство го одби предлогот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ова го оцени како кукавички чин.

СДСМ и ДУИ сметаат дека за укинувањето на пржинската Влада треба да има консензус на четирите политчки партии кои со свои потписи ќе застанат зад предлогот а не тоа да биде едностран чин. Премиерот Ковачевски побара дури и да се формираат работни групи кои ќе го дефинираат начинот на кој ќе се укине техничката влада која беше востановена поради политичката криза во 2016 година.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе