Вести Македонија

Македонија од хибриден режим преминала во демократија со недостатоци според истражувањето на “Економист”

Македонија за пет места го подобрила својот индекс на демократија од минатата година и е една од 13 држави од 167 кои го смениле својот статус, според истражувањето на „Економист“ за индексот на демократија во светот.

Оваа година рангирана на 73то место, со резултат 6.03, земјава од „хибридни режими“ преминала во категоријата „демократии со недостатоци“. Изборен процес и плурализам, функционирање на владата, политичко учество, демократска политичка култура и граѓански слободи се петте мерки според кои се мери индексот на демократија, а од кои Македонија најдобро се покажала во изборниот процес, а најслабо во политичката култура.

Од регионот веднаш зад Македонија на 74 место се наоѓа Црна Гора, која исто така го подобрила својот скор на листата и заедно со Македонија, се две од четири држави кои го подобриле својот статус на Индексот, споредено со минатата година.

Генерално пак демократијата во светот годинава е во опаѓање со забележан пад од 5,37 на 5,28 од максималните 10. Најдобро рангирана според индексот на демократија на Економист е Норвешка а од регионот најдобро рангирана е Србија на 63 место, по што следи Албанија на 68.

Според индексот на демократија во изминатата 2021 година една третина од светската популација живее под авторитарна власт, а само 6,4 проценти уживаат целосна демократија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе