Вести Македонија

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција во дводневна работна посета на Северна Македонија

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис попладнево ќе допатува во Скопје во дводневна работна посета на Северна Македонија и ќе одржи низа средби со министри од економскиот сектор, со заменик- министерката за надворешни работи, со вицепремиерите за економски и за европски прашања, како и со премиерот Димитар Ковачевски, јави дописничката на МИА од Атина.

-На агендата разговори на заменик- министерот со претставници на новоизбраната Влада на Северна Македонија ќе се најдат билатералните економски односи на двете земји и можностите за нивно проширување и зајакнување, соопштија од грчкото МНР во пресрет на посетата.

Според официјалната програма, заменикот шеф на грчката дипломатија попладне ќе се сретне со министерот за финансии на Северна Македонија и ќе ја посети Стопанска банка, каде што ќе има средби со раководството, додека  во вечерните часови ќе присуствува на вечера во негова чест организирана од  заменик-претседателите на Владата надлежни за економски и за европски прашања Фатмир Битиќи и Бојан Маричиќ.

Франкојанис утре ќе се сретне со заменик- министерката за надворешни работи Фатмире Исаки, со заменик-претседателот на Владата надлежен за европски прашања Бојан Маричиќ, со министерот за економија Крешник Бектеши и со заменик-претседателот на Владата надлежен за економски прашања Фатмир Битиќи, а ќе биде примен и од премиерот Димитар Ковачевски.

Посетата на заменик-министерот за надворешни работи на Грција задолжен за економска дипломатија Костас Франкојанис е прва на грчки владин претставник по изборот на новата Влада кај нас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе