Вести Македонија

„Тигрите“ со хеликоптер на МВР го транспортираа дедо Павле од Галичник во болница во Скопје

Специјалците од единицата „Тигар“ заедно со Хеликоптерската единица при МВР го спасија 78-годишниот Павле Луканоски од од селото Галичник, општина Маврово-Ростуше, кој веќе е префрлен во градската болница „8-ми Септември“ во Скопје.

Во планинското село Галичнок, кое е отсечено поради снежните наноси, има мал број жители за време на зимските месеци, а здравствената состојба на Луканоски се влошила.

Акцијата започнала по пристигнат повик до Центарот за управување со кризи по што Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, заедно со Хеликоптерската единица на МВР, започнале спасувачка мисија.

„Припадниците на специјализираниот алпинистички тим на САЕ Тигар заедно со колегите од Хеликоптерската единица денеска (09.02.2022) во периодот од 07.00 до 10.00 часот извлекоа жител на село Галичник, а поради снежните навеви на патиштата кон селото, тимот на САЕ„Тигар“ беше принуден да се спушти на локацијата во Галичник, користејќи специјална опрема за спуштање и кревање од хеликоптер“, стои во известувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе