Вести Македонија

Во Маврови Анови половина метар снежна покривка

Во Маврови Анови утрово е измерена најниска температура од седум степени под нулата. Следат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 Виница, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија.

Во Маврови Анови во 7 часот е измерена и највисока снежна покривка од половина метар, 26 сантиметри во Крушево, 25 Попова Шапка, 24 Пожаране, 18 Битола, 10 Охрид, 9 Ѓуриште, 8 Дебар, 4 Берово, Прилеп, 3 Претор.

За изминатите 24 часа најмногу дожд од 25 во л/м2 има наврнато во Маврово, 21 Дебар, 17 Битола, 15 Охрид, 14 Пожаране, 13 Виница, 8 Претор, Крушево, 7 Берово, 6 Кр.Паланка, Струмица, Д.Капија, Дојран, 5 Прилеп, Тетово, 4 Штип, 3 Скопје-Петровец, Куманово, 2 Скопје-З.Рид, Гевгелија.

Времето денеска променливо облачно и постудено. Претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 70км/ч.), особено вдолж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.

Во Скопје, променливо облачно со засилен, повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кампањата не е почната, нападите врз кандидатите – да

Дејан Дејан

„Водовод“: За еден ден потрошени 350.000 метри кубни вода

Дејан Дејан

Филков го правда изборот на неговиот посебен советник за член на Програмскиот совет на АСЈО

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе