Вести Македонија

Маричиќ: Десет пати се намалува казната за клевета и навреда од новинари

Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета се пишуваше во координација со здруженијата на новинари, Советот за етика во медиуми и останатите здруженија и се бараше најдоброто решение и законскиот текст беше правен инклузивно, порача вицепремиерот за европски прашања и поранешен министер за правда, Бојан Маричиќ во „Топ тема“ .

Тој додаде дека главна карактеристика на законот е дека за десет пати се намалува казната за клевета и навреда на новинари.

Маричиќ истакна дека е штета овој закон, кој носи вистинска либерализација во слободата на изразување, да добие негативно мислење поради технички пропуст.

– За овој закон се направени брифинзи и со новинари и со експерти и законското решение го доби нивниот печат во фазата на подготвување. Спремни сме да ги исправиме овие дефекти, рече Маричиќ, кој најави дека најверојатно утре од Владата ќе биде повлечен предлог-законот и ќе бидат исправени пропустите во него.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Водовод“: За еден ден потрошени 350.000 метри кубни вода

Дејан Дејан

Филков го правда изборот на неговиот посебен советник за член на Програмскиот совет на АСЈО

Дејан Дејан

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот поскапува за половина денар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе