Вести Ковид19 Македонија

Македонија доби 250 000 дози вакцини Фајзер донација од Италија

Македонија доби 250 000 дози од вакцината на „Фајзер“ против ковид-19, кои се донација од Италија којашто се спроведува преку Ковакс механизмот и УНИЦЕФ. Првата пратка пристигна вечерва на Институтот за трансфузиологија, а втората ќе пристигне во среда и ова претставува најголемата донација направена од земјава.

Министерот за здравство, Беким Сали, се заблагодари на италијанската влада и ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи тоа е единствениот начин за заштита порачувајќи им дека вакцините се безбедни, се чуваат на сигурно место и безбедно се транспортираат.

Тој вели дека процентот на вакцинирано население и со прва и со трета доза не е доволен, па уште еднаш апелираше населението да се вакцинира споделувајќи информација дека според првичните информации засега во земјава не починало ниту едно лице кое има коморбидитети, а е вакцинирано со трета доза.

И италијанскиот амбасадор во земјава, Андреа Силвестри, упати апел граѓаните да се вакцинираат потсетувајќи дека Италија беше првата најпогодена земја од коронавирусот, а успеа да се справи со пандемијата благодарение на вакцината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе расправа ли Собранието за интерпелација на претседателот на Уставен – „виси“ точката на Дневен ред

Дејан Дејан

Дијабетичарите без современа терапија – бараат решение од министерот

Дејан Дејан

Скопјанец е првата жртва во пожарите, на Блаце се гаси од земја и од воздух

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе