Вести Македонија

Уставниот суд бара избор на нови судии

Уставниот суд не може да носи одлуки од врвен интерес за државата. Причината е што Судот работи само со 5 од вкупно 9 судии и воопшто не може да се изјаснува со дво-третинско мнозинство. Претседателката Добрила Кацарска упати отворено писмо до претседателот на Собранието Талат Џафери и побара негов личен ангажман.

Уставниот суд отежнато функционира со петмина судии иако Уставот предвидува девет. Ова има влијание при одлучувањето кога често се случува предлогот да не го добие потребното мнозинство, поради што во моментот за 16 предмети не може да се донесе одлука поради недоволно мнозинство. Ви се обраќам лично да го заложите Вашиот авторитет и заедно со вашите колеги да изберете уставни судии, вели Кацарска. 

Проблемот е стар девет месеци. Во јуни минатата година им заврши деветгодишниот мандат на тројца судии, а во декември на уште еден судија. Собраниската Комисија за избори и именувања неколку пати закажуваше седница за да утврди предлог за нови судии, но потоа се откажуваше. Според власта, членовите не доставиле предлози, а според опозицијата, владеачките партии не успеале да се договорат. Пописот и редовните локални избори го пролонгираа изборот. По изборите, Комисијата воопшто не заседавала, а во неа се смени и соодносот на силите власт-опозиција. Со повлекувањето на БЕСА од власта, мнозинството во Комисијата го презедоа опозициските партии. Ако Комисијата утврди предлози кои четворица „истакнати правници“ би можеле да бидат уставни судии, доволни се 61 пратенички глас.

Оваа комисија има и други обврски кои долго време не се решени. Од неа се чека изборот на Совет на МРТВ кој би избрал директор, бидејќи мандатот на сегашниот му истече пред една година, Агенција за медиуми со која трета година раководи стариот состав, заменици на Народниот правобранител како и други кадровски решенија.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе