Вести Економија Македонија

Ново поскапување на цените на горивата

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денар по литар, а дизелот поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 81 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 83, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 73,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 1,5 денари за литар поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) кое ќе се продава за 73 денари за литар. За 1,815 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 46,537 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 3,662 отсто и кај  дизелот за 4,010 отсто, како и  за околу 0,347 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе