Министерот за здравство Беким Сали викендов ги посети ковид центрите во Кавадарци и Тетово за да им даде поддршка за побрзо закрепнување на хоспитализираните пациенти.
Министерот воедно го пофали и трудот на здравствените работници кои се справуваат со епидемијата.
„Денес ги посетив ковид пациентите на инфективното одделение во тетовската клиничка болница, тука се хоспитализирани 14 лица. Само во текот на денешниот ден амбулантски се прегледани 52 пациенти. Медицинскиот персонал ме информиеаше дека иако бројот на болни во изминатите денови е зголемен, охрабрува фактот што поголемиот дел од нив е со поблага клиничка слика.“ – напиша Сали на Фејсбук.