Поранешниот премиер Зоран Заев ја поздрави одлуката за постигнување договор на партнерите во Економско-социјалниот совет за минимална плата во висина од 18.000 денари.
Во пост на ФБ Заев напиша дека очекува сега заедно работниците и работодавачите да работат на подобрување на продуктивноста.
-Ова е доказ дека новата Влада е правична и одговорна, работи за интересите на граѓаните, за интересите на работниците. Сега заедно, и работниците и работодавачите ( приватен и јавен сектор) да си земат обврска да ја подигнат продуктивноста. Мораме сите повеќе да работиме ако сакаме повисоки примања и повисок економски стандард. Честитки до Владата и Премиерот. Ова е важна и значајна одлука, наведе Заев на својата официјална ФБ страна.