Вести Македонија Најважни

Драги Ѓорѓиев: Бугарија во 2-ра Светска војна не може да се дефинира како фашистичка, а за освојување на Македонија може да се користи окупација, инвазија па „дури и анексија“

-Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време, вели за Радио Слободна Европа копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.

Тој додава дека термините овде може да се користи и за кои треба да се дебатира без да се наметнува наша одлука се термините окупација, инвазија, па дури и анексија, „затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација“, вели Ѓоргиев.

-Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија, го објаснува Ѓоргиев овој дел од преговорите во Мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовани прашања, изјави Драги Ѓорѓиев.

Во интервјуто за Слободна Европа Ѓорѓиев рече и дека историската комисија и тој како нејзин раководител немале средба со премиерот Димитар Ковачевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе