Вести Македонија

6 каснувања на луѓе од гладните кучиња во Тетово во јануари – невладините бараат прифатилиште за кучињата и подигнување на свеста кај населението за хуман третман

112 пријавени каснувања од бездомни кучиња само во СВР Тетово за минатата година, 6 за месец јануари.

Повеќе од половина се на тетовското подрачје.

Ана Марија Блажеска од Тетово заврши со повреди на подколеницата нанесени од куче. Покрај стресот кој го доживеала, сега треба да прима и терапија за да не настанат здравствени компликации.

Тетовчани се жалат дека уличните кучиња во овој период се гладни и агресивни, особено во раните утрински часови.

За да изнајдат идејно решение Граѓанската иницијатива „Подобро за Тетово“ истражувала речиси еден месец.

Имале повеќе средби и со надлежните. Велат дека најпрво треба да се основа претпријатие предводено од стручни лица кое ќе направи прифатилиште за кучињата и да се подигне свеста кај населението за хуман третман.

Од Општина Тетово велат дека оваа година издвоиле финансиски средства, но дали е објавен тендер и кога ќе започне третирањето на кучиња скитници детали до овој момент не добивме.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе