Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се регистрирани 25 починати лица од Ковид-19, како и уште 4 жртви преку Мој Термин кои го загубиле животот во периодот од 23-ти јануари до 2-ри февруари.
Починатите се на возраст од 57 до 86 години, 6 од нив биле целосно вакцинирани а кај 26 лица биле регистрирани коморбидитети.
Истовремено, регистрирани се и 1 045 нови случаи од направени 4695 тестови.
Од овие 1 045 нови случаи, 132 се реинфекции.