Вести Македонија

ЗНМ: Дефиницијата за навреда не смее да содржи ,,негативно мислење”

Во предлог законот за клевета и навреда да се избрише дека ќе се одговара и за изразување на „негативно мислење”.

Ова го бара здружението на новинари после реакциите на јавноста дека со таквата квалификација се остава простор за погрешно толкување од страна на граѓанскиот суд на штета на слободата на изразување.

Реагираа и од ВМР ОДПМНЕ од каде велат дека Владата на СДСМ и ДУИ уште еднаш докажа дека се хибриден режим и ќе казнуваат за искажана критика и негативно мислење. Негатовно мислење ќе биде избришано со амандман, одговорија од Министерството за правда кое е предлагач на законот и од каде велат дека се работи за грешка.

Текстот на Предлог законот  за навреда и клевета е во фаза на прво читање во Собранието уште  од јули лани но дури сега беше забележана оваа спорна квалификација која би можела да доведе до бран на тужби замо поради искажано мислење.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе