Вести Економија Македонија

Вратете го точниот назив „Средства за јавно информирање“ во законот за клевета и навреда- Асоцијацијата на медиуми ММА до министерот Тупанчески

ММА открива уште една грешка во текстот за ново предложениот Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Бара од министерот за правда да ја исправи грешката со допис до него.

Почитуван Министер Тупанчески,

Македонската Медиумска Асоцијација во која членуваат националните ТВ станици: Алфа, Алсат, Канал 5, Сител и Телма, бара да извршите корекција на  уште една формално-правна недоследност.

Имено во членот 5 на предлог измените на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета предлагачот на овој закон коректно го препознал терминот за медиуми, преземен од „лекс специјалис“ законот, кога станува збор за медиумите, а тоа е во овој случај Законот за Медиуми.

Но од членот 6 па се до последниот член, се исфрла зборот ЈАВНО, и предлагачот користи сосема нов термин , кој не е во правна употреба, и кој е обична зборовна „кованица“ – Средства за Информирање.

Дополнително, предлагачот во делот на „О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е  НА ПРЕДЛОГ ЗАКОНОТ ЗА ГРАЃАНСКА ОДГОВОРНОСТ ЗА НАВРЕДА И КЛЕВЕТА“, очигледно нотирајќи дека ваков термин „Средства за Информирање“ не постои во нашето законодавство, се повикува на ЕСЧП па дава контрадикторни објаснување: „Поимот „средства за информирање“ не регулира таксативно кои се тие средства за информирање. Европската конвенција и искуствата кои произлегуваат од праксата на ЕСЧП укажуваат дека просторот за изразување треба да биде слободен, без стриктно набројување или определување на сите средства или форми на јавно информирање“, односно повторно го враќа во политички „живот“ терминот ЈАВНО ИНФОРМИРАЊЕ, што е основата на работата на медиумите.

Почитуван министер, со ваква дефиниција на медиумите , која е непозната во нашето и истовремено е во спротивност и со дефиницијата на Обединетите Нации  (види линк https://www.irmct.org/bcs/novosti/sredstva-javnog-informisanja), ќе доведе до комплетен хаос во судскиот систем.

Секој уред , електронски или традиционален, кој служи за комуникација и информирање во приватни цели, со ваква дефиниција станува ЈАВЕН, што е спротивно на европската и светска закоснка пракса.

Ваквата дефиниција ќе предизвика безбројни тужби на приватни физички лица, кои ќе имаат формално-правна основа за поднесување на судски поднесок во секое време, доколку на пример едно физичко лице, преку една обична СМС порака наклевети или навреди друго лице, од причина што истото го сторило преку „средство за информирање“.

Затоа бараме овој предлог Закон да биде усогласен со „Лекс Специјалис“ Законот за Медиуми, каде во член 2, став 1. е јасно дефиниран терминот медиуми.

Во спротивност,  ќе бидеме приморани да ја бараме правдата во наше но и во име на граѓаните во повисоките домашни и странски судски инстанци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе