Здружението за заштита на животни “Анима Мунди” објави видео снимка на Фејсбук на која тврди дека е снимен Инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово, од Агенцијата за храна и ветерина, како дел од поголема група луѓе снимена во куќа во која едно јагне, врзано за нозете се принесува живо на маса со повеќе луѓе кои ги забавува и жива музика.
“Видно задоволен, го гледа и снима престрашеното животно во очи, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува.
Во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државните институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество, испектор за заштита на животние е соучесни во нивното малтретирање, причинување непотребн стрес, страдање?” – реагираат од “Анима Мунди”.
Од организацијата бараат итно покренување дисциплинска постапка од страна на агенцијата за храна и ветеринарств против инспекторот од ПЕ Берово и негово трајно отстранување од вршење на службена должност во институцијата.