Вести Економија Македонија Најважни

Нема договор за 18 000 денари минимална плата

Ниту втори три часа за два дена не беа доволни попладнево на Економско-социјалниот совет претставниците на Владата, работодавачите и синдикатот да се договорат колку ќе пораене минималната плата за годинава. Синдикалците излегоа револтирани од средбата- остануваат на ставот дека ако нема минимална плата од 18.000 денари веднаш- одат на генерален штрајк.

“И денеска нема договор. Очигледно работодавачите си гледаат само за нивните фирми и нивниот капитал . Дури се дрзнаа денес да бараат за нив, за они да опстојат, а ние работниците кој каде и како ќе најде.Значи еден не фер и некоректен однос од страна на работодавачите, а владата излезе со една одлична анализа каде што кажува дека моделот кој го предлага ССМ и останатите синдикати е најприфатлив. А работодавачите нека продолжат така ќе останат и без овие работници што се во државата. И ние синдикатите ќе затвориме ама и тие ќе затворат”-изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски.

Бизнисот пак излезе со два предлози.. Тој на Организацијата на работодавачи покажал дека минималецот годинава треба да порасне на 16.300 денари. Сметаат дека нивниот предлог е најдобар и најодржлив.

 “Согласно нашата проекција во овој момент минималната плата би изнесувала над 16.300 денари. Ние сите треба да се стремиме да не ни биде предизвик минималната плата. Сите да работиме за многу повеќе а тоа ќе се постигне само преку продуктивност. Треба да најдеме алатка сите да ја зголемиме продуктивноста” – тврди претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска

Вториот предлог доаѓа од  Бизнис конфедерацијата која се согласува на 18.000 денари минималец, но 50 проценти од трошоците да се субвенционираат од Буџетот.

Токму тој и отвори дополнителна работа на Владата која во понеделник на Економски совет ќе расправа колкави фискални имликации би имало ако минималецот се сунвенционира од буџетот и дали и колку тоа би го зголемило јавниот долг.

Вицепремиерот Битиќи кажа дека заедничкиот заклучок е дека постоечкиот модел за усогласување на минимална плата е неприфатлив за сите.

Вели тоа мора да се менува бидејки 13,8 проценти од работниците во земјава се на минималец, а просекот во ЕУ е 3 проценти.

“Можете со 15.200 да преживеете еден месец?

 

Јас верувам дека и моите сограѓани не можат. Не треба да заборавиме дека само пред пет години ни требаа четири  минимални плати за покривање на потрошувачка кошничка. Денеска тоа е две минимлани плати за покривање на минимална потрошувачка кошничка. Јас ќе се борам да тоа се намали и таа разлика биде многу помала пак ќе кажам жалам што процентот од 13,8 проценти од нашите граѓани кои што работат треба да земаат само минимална плата” – посочи вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Анализите пак кои ги правела владата  покажуваат дека според сегашниот модел- минималната плата во март треба да порасне од сегашните 15.200 на 15.715 денари.

Додека пак со двата предлози на работодавачите таа би изнесувала 16.303 денари, а тој на Бизнис конфедерацијата дава можност таа да стигне 18.000 но само со субвенции од државата.

Додека пак концептот кој го понудила владата покажува дека минималната плата годинава треба да биде 17.104 денари.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе