Вести Македонија Најважни

ВИДЕО: Пендаровски и владината делегација исвиркани на положувањето цвеќе пред спомен почивалиштето на Гоце Делчев

На влезот од црквата Св. Спас во Скопје каде се наоѓа спомен почивалиштето на Гоце Делчев, претседателот на државата Стево Пендаровски и владината делегација беа исвиркани од страна на демонстрани насобрани пред црквата кои се против заедничка прослава со Бугарија за одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

Пендаровски рече дека не знае дали постои во формална одлука за заедничко чествување, и рече дека не гледа проблем некој од соседите да покажува пиетет кон еден од камен темелниците на нашата државност.

„Не знам дали во формална смисла постои одлука за заедничко чествување бидејќи тоа би требало да биде една од надлежностите на историската комисија, меѓутоа не гледам проблем и да не е така. Ние и пред да постои историската комисија имавме заеднички чествувања на одредени настани и личности и без да има одлука на историската комисија сме правеле и во Бугарија и во Македонија на различни паметници. Не гледам проблем во тоа некој од нашите соседи да искажува пиетет кон еден од камен темелниците на нашата државност“, рече Пендаровски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе