Вести Македонија Најважни

Ковачевски и Столтенберг со апел до Русија да го продолжи дипломатскиот дијалог со Украина

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, ја започна својата прва официјална посета на Брисел со средба во седиштето на НАТО со генералниот секретар, Јенс Столтенберг.

Шефот на Алијанса истакна дека одлуката на Ковачевски да го посети НАТО веднаш по неговото доаѓање на премиерска функција е доказ за личната посветеност на премиерот кон Алијансата.

„Северна Македонија му се приклучи на НАТО пред речиси две години, вие се покажавте како високо вреднуван партнер, стабилноста на Западниот Балкан е од голема важност за НАТО и ги поздравуваме вашите напори за промовирање на безбедноста, стабилноста и напредокот во регионот, ова го вклучува и вашето учество во мировната мисија во Косово“, изјави Столтенберг по средбата со македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Премиерот од своја страна нагласи дека членството во НАТО за Северна Македонија е исполнување на стратешка цел на државата. Ковачевски, на заедничката прес-конференција по средбата на почетокот на неговата дводневна посета на Брисел, кажа дека Македонија го поддржува предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија.

„Со генералниот секретар Столтенберг разговаравме за ситуацијата со и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната безбедност. Како сојузник на НАТО се приклучуваме кон апелите до Русија да деескалира и да го продолжи дипломатскиот дијалог. Го поддржуваме предлогот на НАТО за тематски состаноци со Русија во врска со состојбата на односите, на европската безбедност со фокус на Украина, транспарентноста, намалување на ризикот и контрола на оружјето. Целосно го поддржуваме суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признаените граници. Како сојузници, ние сме силни, одлучни и обединети во нашата реакција“, изјави Ковачевски.

Тој додаде дека ова достигнување е доказ за нашиот слободен и сигурен избор како и гаранција за нашата национална и регионална стабилност и безбедност на Западен Балкан, нагласувајќи дека Северна Македонија е горда што е „меѓу најбрзите сојузници кои ја завршиле воената интеграција во НАТО, особено затоа што остануваме посветени на учеството во операциите и мисиите на НАТО“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе