Вести Македонија

По интервјуто на Ѓоргиев за Телма – синхронизирана реакција на македонското и бугарското МНР

Бугарското министерство за надворешни работи реагираше на последните јавни настапи на македонскиот копретседавач на комисијата за историски прашања, Драги Ѓоргиев, ,кој вчера даде интервју за Топ Тема на Телма, велејќи дека членовите на комисијата имаат право јавно да ги изразуваат своите позиции, но дека тоа не ги обврзува двете влади да носат одредени одлуки, ниту пак треба да се толкува како предлог на една од двете земји.

Во исто време и македонското министерство за надворешни работи во соопштение напиша: ја разбираме потребата на членовите на комисијата, особено на нивните копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете влади.

Како што објаснуваат од македонското МНР, пред да бидат испратени соопштенијата, имало телефонски разговор меѓу македонскиот и бугарскиот министер за надворешни,во кој биле повторени позициите за важноста од спроведување на целите што ги дефинираа двете влади на зедничката седница.

Инаку, ниту едно министерство не реагираше на јавните настапи и изјавите на бугарскиот копретседавач на комисијата, Ангел Димитров.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рускиот министер за сообраќај претпладнево доби отказ, попладнево пронајден мртов

Дејан Дејан

Мотоциклистот кој смртно го прегази пешакот Николовски однесен во Шутка – судот му определи затворски наместо домашен притвор

Дејан Дејан

Сè е поскапено, инфлацијата повторно скокна, мерки засега во најава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе