Куршумот наместо во телото на „Тајкун“-от Владан заврши во неговиот син Бојан кој само неколку минути претходно дозна дека татко му го назначува за наследник на големата корпорација Сигма.
Хит-серијата „Тајкун“ која се емитува на Телма (од понеделник до четврток во 22:10) почна со неуспешниот обид за атентат, а главниот лик-бизнисмен со сомнително финансиско транзициско минато, веќе се сретна со амбициозна обвинителка која од него бараше соработка во истрагата за финансиски криминал.
Приватниот живот на тајкунот Владан е исполнет со деца од претходно распаднати бракови, поранешни контроверзни сопруги, неговите ќерка и синот кој што е во клинч и почнува да се заканува на младата колешка која што е и љубовна партнерка на главниот лик.
Сето тоа, семејството и работата одеднаш мирниот живот на Владан го претвораат во борба за живот и во реалноста и во бизнисот. Драган Бјелогрлиќ го доловува тајкунот Владан, а во првата епизода, помала ролја бележи и Тони Михајловски кој се враќа од студената Русија директно на семејната слава на својот пријател и бизнисмен.
Во втората епизода која е вечерва (вторник 01.02.2022.) во 22:10 на Телма веднаш по вечерните вести, „Тајкунот“ се обидува да дознае кој е кртот на обвинителството во неговата корпорација, а преку лични врски и сопствена истрага бара и кој се обиде да го убие и го застрела неговиот син кој што го спаси во последен момент.