Пандемијата со коронавирусот ја намали наплатата на даноци во дел од општините во земјава. За да изнајдат решение како да ги мотивираат граѓаните да ја извршуваат оваа нивна обврска, на заедничка маса денес седнаа градоначалниците на Гостивар, Тетово и Куманово.
Доколку не се исполни општинскиот буџет со финансиски средства, велат дека нема да можат да ги вратат долговите.
Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, истакна дека општините се доведени на ниско финансиско ниво поради ниското ниво на фискална децентрализација во државата.
На јавната дебата беше посочено дека нашата држава во регионот е дефинирана како држава со најниска стапка на даночен имот.
Данијела Билбилоска