Вести Ковид19 Македонија Најважни

Хаос со боледувањата на предвремено оздравените од Ковид 19 – Министерот тврди секој престој дома над 7 дена е непотребен

Над 12.000 лица кои имале позитивен тест на Ковид 19 во последните две недели од утре ќе треба макар и неоздравени да тргнат на работа оти Министерството за здравство пред време ги „оздраве“.-  реагираат матичните лекари.

Со новите мерки кои ги усвои владата асимптоматските да се 7 наместо 10 дена во изолација, а тие со симптоми седум плус три дена, наместо претходните 20, и тоа да важи ретроактивно- настана хаос во системот со боелдувањата, односно во петокот беа наеднаш  „оздравени“ 7.273 лица. Тоа се тие кои имале позитиве тест една недела до дест денови претходно. А до утре според пресметките на Телма според бројот на позитивни случаи кој ги објавува Министерството, излегува дека на работа треба да се појават уште  над 4.000 нови кои имале позитивен тест 7 до 10 дена претходно. Или станува збор за бројка од  околу 12.500 лица за кои матичните не гарантираат дека сите се здрави за да тргнат на работа. Велат во хаос се и тие и  пациентите на кои со административна одлука  пред време им истекува изолацијата.

Сметаат дека ваквата одлука е грешна и ќе донесе дополнителни проблеми на терен. Трајковски вели или надлежните не се доволни свесни за ситуацијата  или пак се свесни но им одогвара ваков брз начин на решавање на проблемите, кој што пак ќе донесе нови проблеми.

Поплаки стигнале и до Здружението на матични лекари. Велат новата одлука направила хаос.

Министерот за здравство пак Беким Сали тврди дека одлуката е исправна, бидејќи не требало да остават во продолжена изолација лица кои се здрави, бидејќи омикрон варијантата има поблаги симптоми од делта сојот.

Секвенционирањето на вирусот покажа дека 90 проценти од инфицираните пациенти се со омикрон, а 10 проценти со делта. Сметавме дека секој престој дома над 7 дена е непотребен, бидејќи пикот на омикронот е во петтиот ден од инфицирањето и лицата после 7 дена или уште плус три може да се активни на работа. Тука треба да се земе предвид дека лицата  се јавуваат на лекар два три дена после инфицирање, изјави Беким Сали, министер за здравство.

Министерот тврди дека тие околу 12.000 лица кои последниве денови излегувата од изолација не треба да се проблем за матичните. -Тоа се  се во просек околу 100 лица по матичен  и не е проблем да се прегледаат во 2-3 дена. А мал е бројот на оние кои треба да се пратат на дополнителни анализи за да им се продолжи боледувањето- тврди министерот.

Инаку заклучно со вчера бројот  активни случаи во земјава изнесува 18.909 лица.

Александра Филиповска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Бизнисменот Крис Павловски за Телма вели дека тој не ја организирал посетата на македонската влада во Вашингтон на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе