Ноќеска нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на нестабилна воздушна маса, која на запад носи врнежи претежно од снег. Ќе се задржи и утре претпладне, но во текот на денот со стабилизирање на времето и намалување на облачноста. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец со брзина и над 60 км/час. Температурата преку ден пониска од денешната и ќе се движи во интервал од -2 до 8°C.
Информација од утрово:
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
30 Попова Шапка, Маврови Анови, 11 Пожаране, 9 Крушево, 6 Крива Паланка, 3 Охрид, Гостивар, 2 Тетово, Берово.
Минимална температура (во °C)
-13 Берово, -10 Битола, -9 Скопје-Петровец, -8 Крива Паланка, Тетово, Демир Капија, Струмица, -7 Прилеп, Штип, Дебар, Куманово, -6 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Гевгелија, -5 Охрид, Виница, Крушево, Попова Шапка, -4 Дојран.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/