Вести Економија Топ вести

16.000 граѓани добиле отказ за време на пандемијата

16.000 граѓани добиле отказ бидејќи нивните работодавали биле сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот и повеќе не можеле да им обезбедат редовни плати. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и се движи околу 40 илјади лица. Во Агенцијата за вработување има 185 илјади неваработени од кои 131 илјада  се активни а 54 илјади се пасивни баратели на работа.

Пандемијата на коронавирусот која сериозно ја стресе домашната но и светската економија е директна причина за отказ на 16 илјади лица, покажуваат официјалните бројки на Агенцијата за вработување. Пресметките на бизнис заедницата се дека оваа бројка е тројно поголема и дека од почетокот на пандемијата во државата и прогласувањето на кризната состојба во Македонија на 11 март минатата година досега работното место го загубиле околу 40 илјади граѓани.

Во моментов во датабазите на Агенцијата  има 185 илјади неварботени од кои 131 илјада  се активни баратели а 54 илјади се пасивни баратели на работа и се пријавуваат на секои шест месеци.

Денеска надлежните ги презентираа резултатите од Оперативниот план со кој се ублажуваа последиците од коронавирусот во економскиот сектор а бројките покажуваат дека активните мерки и програми за вработување минатата година опфатиле 11.292 лица а планот бил реализиран со високи 96,4 отсто.

Преку овој оперативен план како помош се реализирани 1 милијарда и 495 милиони денари од кои 593 милиони биле наменети за директно креирање нови работни места.

Во рамиките на оперативниот план 157 лица со попреченост успеале да се вработат.

Мерката за младински додаток наменета за лицата до 23 години и подобрување на нивната конкруетност на пазарот ја иускориустиле речиси 3.800 лица иако на почетокот биле предвидени 2.500  а висока искористеност и исполнетост од над 90 отсто имаат програмите за обука за дигитална писменост како и практикантство за млади и невработени.

Оперативниот план за 2022 година тежи 29 милиони евра кои се наменети за отварање на нови работни места и зелени инвестиции.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Десничарска група поврзана со Ле Пен под истрага на Европското јавно обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе