Тојота ќе го запре производството во своите 11 фабрики во Јапонија како резултат на негативното влијание на коронавирусот врз индустријата за автоделови.
Поради неможноста да работат фабрики за резервни делови во земјите каде продолжува растечкиот тренд на случаи на Ковид-19, глобалниот недостиг од снабдување со полупроводнички чипови ги става производителите во тешка ситуација.
Според соопштението на Тојота, до 1 февруари ќе запре 19 производни линии во своите 11 фабрики низ Јапонија.
Поради недостиг на делови, компанијата ќе го одложи производството на вкупно 94 илјади возила, вклучувајќи ги моделите Corolla, Prius и Land Cruiser.
Daihatsu Motor во рамките на Тојота исто така најави дека ќе стопира некои од своите капацитети во овој период.