Вести Економија Свет

Тесла ја затвори минатата година со рекорден профит

Профитот на американскиот производител на електрични автомобили Тесла достигна рекордно ниво од 5,5 милијарди долари во 2021 година, и покрај тековната криза со чипови и снабдување ширум светот.

Тесла го објави својот биланс за четвртиот квартал од 2021 година. Според него, нето добивката на компанијата во четвртиот квартал од минатата година е зголемена за 760 отсто во однос на истиот период од претходната година, достигнувајќи 2,3 милијарди долари. Нето добивката на Тесла беше  270 милиони долари во четвртиот квартал од 2020 година.

Профитот на компанијата во текот на 2021 година се зголеми за 665 отсто во однос на претходната година и достигна рекордно ниво од 5,5 милијарди долари.

Приходите на Tesla во четвртиот квартал од минатата година, исто така, се зголемија на 17,7 милијарди долари, што е зголемување од 65 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Компанијата имаше приход од 10,7 милијарди долари во истиот период од 2020 година.

Минатата година, вкупните приходи на производителот на електрични автомобили се зголемија за 71 отсто на 53,8 милијарди долари.

Добивката на Тесла по акција, која беше 0,24 долари во четвртиот квартал од 2020 година, беше 2,05 долари во четвртиот квартал од минатата година.

Американскиот производител на автомобили испорача над 936.000 возила ширум светот во 2021 година.

Во соопштението, компанијата предупреди дека проблемите со синџирот на снабдување предизвикани од појавата на Ковид-19 ќе продолжат да го ограничуваат производството во текот на оваа година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе