Вести Свет

САД одговорија на руските барања за безбедносни гаранции

НАТО повикува на смирување на тензиите околу Украина и нуди дијалог на Русија. Алијансата вчера и испрати на Русија писмен одговор на нејзините барања, велејќи дека безбедносната криза во Европа може да се реши со дијалог и дипломатија. Ова го изјави генералниот сектера на Алијанската Јенс Солтенберг на прес конференција одржана синоќа, кој рече дека Русија продолжува да распоредува војници во близина на Украина и распоредува илјадници војници и модерно оружје во Белорусија.

Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, синоќа изјави дека писмениот одговор на Вашингтон на барањата за безбедносни гаранции на Русија го отвора патот за дипломатско решение на кризата,  доколку Москва го сфати сериозно, и дека САД се обидуваат да спречат воена ескалација против Украина. Блинкен изјави дека документот, доставен денеска до Русија, содржи „принципиелна и прагматична“ проценка на руските барања. Вашингтон јасно стави до знаење дека не доаѓа во предвид исполнувањето на руските барања НАТО да ги повлече трупите и оружјето од Источна Европа и да и забрани на Украина некогаш да се приклучи на Алијансата.

Несогласувањата меѓу Западот и Русија беа во полн ек вчера кога американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе размисли за воведување санкции лично за Путин доколку Русија ја нападне Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе