Со елиминацијата на фаворизираната селекција на Мали, репрезентацијата на Екваторијална Гвинеја се пласираше во четврт-финалето на Купот на Африкански нации и го постигна најголемиот успех во историјата.
Мечот по 120 минути заврши без погодоци, а во пенал серијата поуспешни беа фудбалерите на Екваторијална Гвинеја кои со вкупен резултат 6:5 обезбедија пласман во следната фаза и дуел против репрезентацијата на Сенегал.
И претпоследното осминафинале беше решавано по удари од 11 метри откако мечот меѓу Египет и Брегот на Слоновата коска заврши без голови.
Седумкратниот континентален првак Египет беше поуспешен во пенал серијата и за влез во полуфиналето ќе се соочи со вечниот ривал Мароко.