Спорт Фудбал

Без КОВИД пропусници на стадионите во Англија

По Германија и Велика Британија ги релаксираше протоколите за влегување на спортските настани. Ветувањето на премиерот Борис Џонсон се реализираше и од утре важат нови правила.

Премиер лигата на денешниот состанок го прифати барањето на британската влада и според најновите измени гледачите ќе може да влегуваат на стадионите без да приложат КОВИД потврда, но се уште се на сила останатите епидемиолошки мерки кои го спречуваат ширењето на корона вирусот. Членовите на елитното фудбалско друштво во Англија се договорија и за условите под кои во иднина ќе се одложуваат натпреварите.

До сега мечевите можеа да се играат само доколку менаџерите на располагање имаа 13 фудбалери и еден голман, а од утре одложување може да се бара со приложување на доказ за најмалку четири играчи кои се позитивни на инфекцијата со корона вирусот.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе