Најмалку 19 лица загинаа во пожар во провинцијата Западна Папуа во Индонезија, кој избувна во караоке бар во главниот град Соронг по тепачка меѓу ривалските малолетнички банди, соопшти локалната полиција.
Во тепачката едно лице било избодено со нож, по што бил запален караоке барот во кој останале заробени 18 лица, изјави претставник на полицијата.
„Судирите меѓу младите во градовите се вообичаени, но ова е првпат да има толку многу мртви“, рече портпаролот на полицијата Адам Ервини.
Тој додаде дека полицијата ги истражува сите околности, а се уште не се знае дали бројот на загинатите е конечен.