Очекувањата на македонските стопанственици по денешните позитивни сигнали од заедничката владина седница во Софија се навистина големи.
Во вечерашната Топ Тема на Телма, претставниците на бизнис секторот беа едногласни дека во новите влади, и во Бугарија и во Македонија, дошла нова генерација на политичари, кои во прв ред ги ставаат економските интереси и просперитетот на граѓаните и во двете земји.
Очекувањата се да се заврши работата во рокот кој си го поставија, не повеќе од шест месеци од денес. Да бидат имплементирани сите работи кои ќе се договорат. Позитивно од посетите на премиерите е дека Бугарија полека почнува да отстапува од својот тврд став за јазикот и за идентитетот, туку се фокусираат повеќе на економијата и регионалниот развој. Очекувам со подршка на САД и ЕУ овој процес да заврши со придобивки за сите, рече Кирил Лазаров, претседателот на Македонско-бугарската стопанска комора.
Локвенец за ТОП ТЕМА: За км пруга кон Бугарија по тунел и 2 моста, возот за Софија ќе тргне 2027-ма
За директорот на Македонски железници инфраструктура, Хари Локвенец, поместувањето на акцентот од политичките на економските прашања, создава една нова парадигма за начинот на комуникација и односи меѓу двете земји.
За нас е еден процесот, тоа е процесот на приближување кон ЕУ и започнување на толку важните преговори за сите македонски граѓани. Поради сето тоа сум убеден дека после исполнувањето на овие неколку месечни задачи, заемно зададени од двете страни, ќе биде ралност и ќе го отпочнеме процесот. Ќе покажеме дека имаме капациет и го имаме знаењето, и желбата, и можностите брзо да се приклуичиме кон ЕУ.
Префрлувањето на акцентот во преговорите го поздрави и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески. Тој тврди дека единственото врзно ткиво на Балканот, које обременет со многу проблеми е токму бизнисот. Азески смета дека конечното комплетирање на Коридорот 8 е изводливо ако се обезбедат потребните средства.
Тој ќе се реализира ако се обезбедат пари за тоа, затоа што денеска градежната оператива нема работа која не може да ја заврши ако се обезбедат потребните средства. Мислам дека точна е таа претпоставка за користење на европските фондови и заеднички вложувања во капиталните инвестиции од двете држави за да може тој процес да се реализира, и ако денеска навистина се договорени определени рокови и определени носители на тој процес, мислам дека е направен значаен чекор напред, рече Азески.