Вести Свет

Според НАСА ерупцијата на вулканот во Тонга била посилна од бомбата фрлена на Хирошима

Ерупцијата на вулканот во Тонга ослободи експлозивни сили кои далеку ја надминаа силата на експлозијата на атомската бомба што Американците ја фрлија на Хирошима, оценија научници на НАСА.

Се појаснува дека ерупцијата на вулканот во Тонга била неколку стотини пати појака од америиканската атомска бомба фрлена на јапонскиот град Хирошима во август 1945 година, за која се проценува дека имала околу 15 килотони – 15.000 тони – ТНТ.

Според вработени во НАСА, вулканот Хунга Тонга – Хунга Ха’апаи за време на ерупцијата на 15 јануари исфрлал блескави остатоци и магма дури 40 километри во атмосферата.

– Сметаме дека количината на енергија, која ја ослободила оваа ерупција, одговара на количина од околу пет до 30 мегатони – пет до 30 милиони тони – ТНТ, изјави научникот на НАСА, Џим Гарвин.

Објавено е и дека ерупцијата едноставно „го избришала“ вулканскиот остров, кој се наоѓа на околу 65 километри северно од главниот град на Тонга, Нукуалофа.

Експлозијата во местото на кое живеат околу 100.000 лица беше покриено со слој отровен пепел, затруена беше питка вода, уништени посеви и во потполност избриша од земјата најмалку две села.

Во ерупцијата имаше три жртви во Тонга, а животот го изгубија и двајца туристи на плажа во Перу, откако цунами ја погоди јужноамериканската земја.

Научниците веруваат дека најверојатно се работи за една од најголемите ерупции во последните 30 години, како и за еден од најгласните настани на Земјата во повеќе од 100 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе