Вести Свет

Австралијците можат да го користат знамето на Абориџините, за што платија 14 милиони долари

Австралиската влада потпиша договор за добивање авторски права на знамето на Абориџините, со што знамето за прв пат стана достапно на јавноста.

Тоа е резултат на долга кампања за ослободување на знамето предводена од домородните застапници и членови на заедницата.

„Го ослободивме знамето на Абориџините за Австралијците“, рече премиерот Скот Морисон.

„Знамето на Абориџините сега ќе може да се користи на сличен начин како и австралиското национално знаме, што значи бесплатно, со целосна почит и на достоинствен начин. Сите Австралијци сега можат да го стават знамето на Абориџините на облека како што се спортски дресови и кошули, може да се нацрта на спортски терени, да се постави на веб-страници, во слики и други уметнички дела, да се користи дигитално и на кој било друг медиум без потреба да се бара дозвола или да се плати такса“, додаде Морисон.

Знамето е дизајнирано од уметникот Харолд Томас во 1970 година и има црвена, црна и златна боја кои ги претставуваат австралиските Абориџини и нивната поврзаност со земјата. Австралиската влада го призна како официјално знаме во 1995 година.

Но Томас досега ги задржа авторските права за знамето. Неговата претходна одлука да ги предаде правата за користење на облека на компанија што не е домородна беше контроверзна и предизвика правни спорови околу нејзината употреба, вклучително и од австралиски спортски тимови.

Според новиот договор, комерцијалната компанија Керол и Ричардсон Флагворлд ќе продолжат да бидат ексклузивен лиценциран производител на знамиња на Абориџините, но тоа нема да ги спречи поединците да прават свои знамиња за лична употреба.

Владата платила 14,2 милиони долари за да ги обезбеди авторските права, објавија австралиските медиуми.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе