Вести Македонија Топ вести

Тетовските обвинители почнаа да го разгледуваат извештајот на германските експерти за пожарот во модуларната болница

Основното јавно обвинителство го доби преведениот извештајот од истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница направен од експертите и истражителите од Сојузната криминалистичка полиција од Германија, информираат од Јавното Обвинителство. Сега петте обвинители кои работат на предметот отворен поради пожарот во тетовската модуларна болница започнаа да го разгледуваат извештајот со цел да утврдат дали и што ќе се преземе во насока на понатамошна постапка.

-Извештајот од германските експерти е преведен и доставен до Основното јавно обвинителство Тетово. Надлежните обвинители го разгледуваат, а наводите ќе бидат споредени со другите прибрани докази во предметот. Во предметот обвинителството постапува ажурно и темелно со цел во детали да се утврдат сите факти за несреќата. Во зависност од тоа што ќе биде утврдено, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошното постапување во предметот, информираат од Служба за односи со јавноста при ЈОРМ.

По пожарот во модуларната болница на 8 септември 2021 при што животите ги загубија 14 луѓе, во истрагата во текот на истиот месец  учествуваа и експерти и истражители од Сојузната криминалистичка полиција од Германија. Нивниот извештај од седум страници до ОЈО Тетово стигнал на 14 јануари, а бидејќи беше на германски јазик, досега се чекаше негов соодветен превод.

Обвинителството во октомври 2021 објави дека според вештачењето на МВР пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил приклучен дефибрилатор-апарат за реанимација, полнач за мобилен телефон и уште еден уред.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе