Скокнал и лошо паднал. Така кажал на лекарите, а тие му дале дијагноза – „екстензија на десното колено“, но и патерици со кој од дома беше донесен во судската сала.
Обвинетиот Миле Јанакиевски 10 дена се лекува од серизона повреда на коленото, но медицинската експертиза не беше доволна за судечкиот совет во предметот за Сончев град, „Топлик“ да го одложи закажаното рочиште.
Траеше кратко како што наговести судијата, но доволно за судот да го чуе и прифати предлогот на обвинителот Бурим Рустеми за одбивање на доказите кои одбраната ги достави на самиот крај од доказната постапка.
Судот освен што одлучи да нема изведување нови докази закажа и заврши зборови во февруари.
Одбраната, пак, бурно реагира дека обвинетиот Јанакиевски ќе треба да се брани со крената нога во судницата заради повредата и лекувањето.
За судот неприфатливи со образложување дека не укажуваат на нови околности се и предложното геодетско супервештачење, но и економското вештачење со кое обвинетите се бранат од тврдењата на обвинителството дека е направена финансика штета на државата.
За судот непотребни се и сведочената на поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, Сашо Срцев, Ацо Костадиновски и Шпреса Фетаху, учесник во постапката за јавно наддавање на градежнот земјиште каде што требаше да никне елитната населба „Сончев град“.
По четири години судење една од првите истраги на поранешното специјално јавно обвинителство влегува во псоледната фаза до првостепената пресуда. Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
Павле Беловски
Зоран Трајковски