Подгорица е на улиците, но и градовите низ Црна Гора. Граѓаните повторно се кренаа да ја одбранат победата од 30 август минатата година. Ним им се придружија министрите Весна Братиќ како и Јаков Милатовиќ и Милојко Спајиќ.
Демонстраните велат дека ова не е политички митинг, и скадираа „Предавство“. Велат и дека за слобода ќе дадат се, а за ништо слобода.
Откако граѓанското движење УРА го понуди концептот на малцинска влада, како што рекоа без ДПС и ДФ, има големо незадоволство кај народот, кој секоја вечер се собира да каже дека за тоа не гласало мнозинството граѓани на 30.08.2020 година.
Посебен „гнев“ беше насочен не само кон граѓанското дижење УРА, туку и кон Социјалистичката народна партија, која е потписник на меморандумот, кој беше потпишан со малцинствата, а за кој во декември беше кажано дека е нацрт „малцинска влада“.
#EUNews People gather to protest in support of current government of Montenegro in Podgorica – WATCH THE VIDEO AND READ MORE ABOUT AT 👉 https://t.co/HNC1foKidA#EUNews #News #Podgorica #Montenegro #CrnaGora #protests #demonstrations #Democracy #politics pic.twitter.com/cvlEmFYKB8
— TBU NEWS (@TBUNEWS) January 23, 2022
Министерката Весна Бартиќ вели дека дошла да ги поддржи граѓаните кои се чувствуваат изневерени и измамени.
– Не сме тука за фотелјата. Арамискиот режим беше соборен на 30.8. Во тој момент тие можеа да ја принудат Црна Гора да тргне по вистинскиот пат на хармонија и љубов. Ако се изигра изборната волја и ако се сака да се коалицира со ДПС, тогаш најправедно е да се врати мандатот на народот – рече министерката Бартиќ.
Министерот Милојко Спајиќ посочува дека ова не е политички собир и дека министрите нема да зборуваат.
– Сега е време народот да зборува. Изборите се единственото фер и уставно решение. Кој сега ќе ја спроведува програмата за Европа? – праша Спајиќ.
Сакам да се зачува изборната волја и да продолжиме да си ја работиме работата, рече министерот Јаков Милатовиќ и додаде дека народната волја од 30 август сега се брани.
Од Беране порачаа дека „никогаш нема да има добра влада, додека во неа нема Срби колку што заслужуваат“.
– Никој освен народот никогаш нема да може да го одреди патот на Црна Гора… Можеме да застанеме лице в лице во секое време и да кажеме што мислиме затоа што како народ направивме најдобро за Црна Гора… Тоа не се политички собири и ничија политичка кампања. Повеќето од нас овде немаат никаква врска со политика… Ние, овие слободни граѓани, ги почнавме овие собири, па затоа пред се треба да се слушне нашиот глас – порачаа граѓаните на Беране.