Вести Свет

Твитер суспендира стотици сметки на Филипините

Компанијата за социјални медиуми Твитер суспендираше стотици сметки кои го поддржуваат Фердинанд Маркос Јуниор, наречен „Бонгбонг“, кој се кандидира за претседател на Филипините.

Според соопштението на Твитер, повеќе од 300 сметки кои го промовираат Фердинанд Маркос Јуниор се замрзнати поради кршење на правилата за спам и манипулација.

Фердинанд Маркос Јуниор, син на Фердинанд Маркос, кој прогласи воена состојба на Филипините во 1972 година и воспостави диктатура, објави дека е кандидат за претседателските избори.

Воспоставувајќи ја диктатурата против комунистичките сили, 20-годишното владеење на Маркос заврши со народното востание во 1986 година.

Маркос почина во егзил на Хаваи во 1989 година. Синот на Маркос „Бонгбонг“ ја продолжи својата политичка кариера како конгресмен и сенатор од неговото враќање од егзил во 1991 година. Тој се кандидираше за претседател во 2016 година, но не беше избран.

Маркос на 5 октомври 2021 година ја објави својата кандидатура за овогодинешните претседателски избори.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно – Временска прогноза за 11.5.2025

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе