Вести Свет

Командантот на германската морнарица си поднесе оставка заради контровезните коменатри за Путин

Скапо го чинеше гласното размислување командантот на германската морнарица прашан од неговиот министер што мисли што всушност сака Русија со Украина. Вицеадмиралот на тинк тенк дискусија снимена на видео вели дека тврдењата дека Русија сака да ја нападне Украина се глупости. Она што Путин го сака е само почит, вели Шоненбах.

Путин веројатно врши притисок затоа што знае дека може, и знае дека ќе ја подели ЕУ. Но, она што навистина го сака е почит. Тој сака почит на исто ниво. ефтино е некому да му дадеш некому почит. Дури и не чини ништо. Па ако сум прашан, а бев, ќе кажев дека е лесно да му дадеш почит која ја бара и заслужува, вели ВИЦЕ АДМИРАЛ КАЈАХИМ ШОНЕНБАХ, КОМАНДАНТ НА ГЕРМАНСКА МОРНАРИЦА

Шоненбах вели дека Русија е голема земја, и дека во борбата на Западот со Кина, добро е да ја има на своја страна.

Мислам дека, да ја имате оваа голема земја, голема иако не е демократија, за билатерален партнер и да и ја дадете истата шанса со ЕУ и со САД, на исто ниво, е лесно, смета шоненбах. 

Вицеадмиралот завршува со тоа дека Украина треба да се помири со фактот дека никогаш нема да го врати Крим, кој Русија го анектираше во 2014-та. За украинскиот министер за надворешни, коментарите на Шоненбах се категорично неприфатливи. Реагираше и официјален Берлин. Вицеадмиралот беше повикан да ја напушти функцијата, и тој тоа го стори објаснувајќи дека „не сака да направи поголема штета со своите лошо сфатени изјави“.

Германија е на ставот дека во кризата со Украина ќе стои зад НАТО сојузниците, но за разлика од Америка и Велика Британија, одби да ја снабдува Украина со оружје, туку дека ќе помогне со поставување на полски болници, ако дојде до вооружен конфликт.

Во меѓувреме, британскиот Форин Офис со нови обвинувања кон Москва. Разузнавачки служби  информираат дека Кремљ сака да постави проруска фигура која би ја водела украинската влада. Потенцијалниот кандидат е Јевхениј Мурајев, поранешен пратеник кој ја предводи малата проруска партија Наши, која во моментов нема место во украинскиот парламент, но медиумите полека му отстапуваат простор за неговите убедувања.

Значи дека никогаш нема да си го вратиме Крим, и не можеме да зборуваме за реинтеграција на регионот Донбас. Нема да бидат вратени. Второ, НАТО не е начин на живот, не гарантира добар економски стандард. Уште еднаш повторувам, НАТО е геополитичка палка на САД, изјави пред една недела ЈЕВХЕНИЈ МУРАЈЕВ – ЛИДЕР НА ПРО-РУСКА ПАРТИЈА „НАШИ“

На каков начин би го спровела овој заговор Москва, британскиот форин офис не дава податоци. Реагираше и Кремљ, го повикуваат Лондон Го повикуваат да престане да се занимава со провокации и да шири дезинформации.

И покрај овие обвинувања, во Москва наскоро треба да се сретнат британскиот и рускиот министер за одбрана, што би биле првите билатерални преговори на двете земји во делот на одбраната по 2013-та година.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе