Велика Британија ја обвини Москва дека сака да постави проруска фигура која би ја водела украинската влада. Тврдат дека Русија планира да ја нападне Украина. Британското министерство за надворешни соопшти дека има информации дека руската влада размислува да го активира поранешниот украински пратеник Јевхен Мурајев, кој е поддржувач на Русија, да биде поставен во раководството на официјален Киев.
„Информациите кои се објавени фрлаат полна светлина врз обемот на руските активности кон Украина и увуид во намерите на Кремљ. Русија мора да ја деескалира ситуацијата, да прекине со својата агресивна кампања на ширење дезинформации и да тргне по патот на дипломатијата“, рече британската министерка за надворешни Лиз Трас.
Реагираше руското министерство за надворешни. Го повикуваат британскиот Форин Офис да престане да се занимава со провокации.
– Дезинформациите објавени од британското Министерство за надворешни работи се доказ дека членките на НАТО кои се предводени од англосаксонците се тие кои ги зголемуваат тензиите околу Украина. Го повикуваме британското Министерство да престане со провокативните активности и да престане да шири бесмислици, изјави портпаролката на руското Министерство Марија Захарова на Телеграм.
Министерството за надворешни работи на Велика Британија наброја уште неколку украински политичари за кои се наведува дека се поврзани со руските разузнавачки служби, заедно со Мураев, лидерот на малата проруска партија Наши, која во моментов нема пратеници во украинскиот Парламент.